Хориха го спаси Ал Калеј од пораз

Photo: Asianhandball

Екипите на Ал Араби (Данило Брестовац) и Ал Калеј (Хориха, Пилиповиќ) одиграа нерешено на првиот натпревар од второто коло во Азискиот шампионат што се одржува во Кувајт.
Натпреварот заврши со резултат 28-28, а најзаслужен за таквиот епилог е Димитро Хориха, довчерашниот ракометар на Вардар кој го постигна последниот решавачки гол на натпреварот и го спаси од пораз својот нов тим.
Претходно, исто така во 60 минута од мечот, Чковербадѕе му донесе гол предност на Ал Араби.

Од крајниот епилог, можат да бидат (не)задоволни и двата тима. Избраниците на Данило Брестовац беа на секунди од триумф и пропуштија шанса за победа, но од друга страна на 12 минути до крајот беа во минус од пет гола, па така крајниот епилог и не е толку лош за нив.

Димитро Хориха го постигна решавачкиот гол, но играч на мечот беше екс голманот на ГРК Охрид - Кристијан Пилиповиќ. 

Поврзани вести