ТОП ВЕСТИ: Јахија останува во ПСЖ, екс пелистерец потпиша за Линц...

Поранешниот ракометар на Еурофарм Пелистер, Павле Петровиќ е промовиран за нов ракометар на австриската екипа Линц.

Екипата на Ајдовчина, клуб кој под водство на македонскиот тренер Раде Стојановиќ избори пласман во најсилната словенечка лига, го промовираше првото засилување – поранешниот ракометар на Металург, Јануш Лапајне.

Египетскиот десен бек Омар Јахија го продолжи договорот со ПСЖ до 2030 година. Омар Јахија во Париз дојде од екипата на Веспрем во 2025.

Филип Ахуансу, еден од најпознатите германски ракометари од новата генерација, заминува од екипата на Вецлар иако овој клуб успеа да обезбеди опстанок. Следната сезона, Ахуансу ќе игра во екипата на Штутгарт.

Матијас Гидсел стана само трет играч во историјата на Бундеслигата кој успеал да постигне повеќе од 300 гола во една сезона. Рекордер и тоа од времето кога се играше многу побавно е легедарниот Кореец Кјун Шин Јон со 324 гола, следи Гидсел со 317, а на третото место е Марко Гргиќ со 301 гол. Сите 317 гола Матијас Гидсел ги постигна од игра, не шутираше ниту еден пенал.










 

Поврзани вести