ТОП ВЕСТИ: Гидсел и Пума засекогаш, Дебрецен не сака ЛШ...

Photo: IHF


Најдобриот светски ракометар во моментов, Данецот Матијас Гидсел потпиша договор каков што досега не добил ниту еден ракометар.
Матијас Гидсел и производителот на спортска опрема „Пума“ потпишаа мулти-милионски, доживотен договор.

Дарко Арсиќ, поранешниот голман на Металург ја заврши играчката кариера и веднаш продолжува во тренерски води. Тој ќе биде во тренерскиот тим на Металопластика каде што главен тренер на Давид Рашиќ.

Чешкиот десен бек Томас Пирох потпиша за екипата на Вецлар и ќе биде замената за црногорскиот бек Стефан Чавор кој замина од клубот на крајот на сезоната и следната ќе игра во Слован Љубљана. Вецлар сезонава, во последното коло успеа да обезбеди опстанок во најсилната конкуренција.

Женската унгарска екипа Дебрецен реши да не се натпреварува во Лигата на шампионите следната сезона, туку ќе игра во Европската лига. Клубот пресметал дека е прескапо за нив играње во ЛШ каде што настапија во двете последни сезони, стигнаа до 1/4 финалето и завршија со голем финансиски минус.


 

Поврзани вести