Ја запре Македонија и ја привлече Барса!

Photo: Wikimedia Commons/  Creative Commons Attribution-Share Alike 4.0 International

Европското М20 ЕХФ Еуро беше место од кое ракометарите што прикажаа добри перформанси веќе почнуваат да ги собираат плодовите од својата работа.
Левото крило на новиот шампион Мате Ганц-Пето веќе има договор со првиот тим на Веспрем и следната сезона ќе му прави друштво на Иго Деска, а ќе биде замена за исландскиот играч Бјарки Елисон.
Маркос Фис и Аљуш Анжиќ од претходно имаат договори со Сегед и Барса, а и третата голема ѕвезда, Расмус Анкерман е добро скрасен Кил.
Давид Матиќ кој е син на екс селекторот на Србија, Владан Матиќ, денеска доби професионален договор со екипата на ПИК Сегед.
Елверум веќе го пикираше летонскиот вундеркид Валдис Калнинш, но најдобро од сите ќе помине младиот голман на Австрија кој има потекло од БиХ – Сергеј Новаковиќ.

Овој 203 висок голман на австрискиот Фајверс Маргаретен првенството го заврши со 74 одбрани и процент од 35.41 % одбранети удари. Двапати беше прогласуван за играч на натпреварот, а еден од тие натпревари е дуелот со Македонија.
Против нашите ракометари имаше 10 одбрани, но со 45.5 % одбранети удари.

Ваквиот перформанс му носи договор со ни помалку ни повеќе – Барса!

Тренерот Карлос Ортега и тренерот на голманите Томас Свенсон веќе потврдија за шпанскиот весник Мундо Депортиво дека третиот голман на Барса ќе биде Сергеј Новаковиќ. Тој ќе формира трио со Гисли Халмгримсон и Сергеј Хернандез следната сезона.

Поврзани вести