Унгарија доби нов селектор

Photo: mksz.hu

Машката сениорска репрезентација на Унгарија имаше непријатно приземјување во бараж квалификациите за пласман на СП 2027. Беа во првиот шешир во ждрепката, но беа елиминирани од репрезентацијата на Србија, а потоа не добија ниту вајлд карта и ќе го пропуштат следниот мундијал.

Тоа за ефект имаше промена на позицијата селектор. Шпанецот Чема Родригез беше сменет, а неговиот наследник беше назначен денеска. 
Довербата на Унгарската федерација ја доби Ласло Сотоњи. Тој беше е селектор на нивниот М20 тим и освои златен медал на М20 ЕХФ Еуро што се одржа во Романија, месецов. 

 

Поврзани вести