Стојановски потпиша за италијанскиот Сасари

Томче Стојановски, поранешен ракометар на Тиквеш и Вардар, следната сезона ќе игра во првенството на Италија, во екипата на Сасари. Овој клуб минатата сезона се врати во елитното натпреварување во Италија и веднаш стигна до Плејоф позиција.
Годинава под водство на тренерот од Црна Гора, Ратко Ѓурковиќ ќе се обидат првенствено да го одбранат членството во елитата, а потоа да гледаат и што повиско кон врвот на табелата. 
Македонскиот бек е едно од четирите нови имиња, а  ангажиран промарно да ја засили одбраната. 
 

Поврзани вести