ГРК Охрид стартуваше со подготовките

Фото: ГРК Охрид

Екипата на ГРК Охрид ги е вториот тим од големата четворка на македонскиот клупски ракомет што ги почна подготовките за следната сезона.
Охриѓани беа многу активни на ракометниот пазар и направија големи играчки промени во однос на нивната последна, воедно најуспешна сезона во историјата на клубот во која го освоија третото место во Суперлигата, а го освоија и својот прв европски пехар, во ЕХФ Европскиот Куп.

Во екипата на ГРК Охрид нови играчи следната сезона ќе бидат хрватскиот голман Дино Славиќ, јапонскиот пикер Шуичи Јошида, француското крило Адама Кеита, бековите од Унгарија и Србија Доминик Мате и Никола Зечевиќ и македонските засилувања Мартин Ивановски, Филип Талески и Мартин Карапалевски.



Од екипата заминаа играчи кои оставија траг во клупската историја како што се голманот Кристијан Пилиповиќ, шпанскиот дефанзивец Реј Ориол Моралес, привремено замина и Јапонецот Косуке Јасухира, а нема да играат ниту Вуко Борозан, Ловро Јотиќ, Стефан Петриќ, Градимир Чаневски, Дејан Кукуловски и Владимир Бојаниќ.

ГРК Охрид ќе го брани пехарот во ЕХФ Куп претстојнава сезона, тој е најдоброрангираниот тим во натпреварувањето и противникот ќе го дознае во септември. Ќе игра во Регионалната лига и на двата фронта во македонското првенство. Централниот дел на нивните подготовките ќе биде летниот турнир што го органзираат, од каде што ќе им се бодува и натпревар во Регионалната лига.






 

Поврзани вести