Трансфери: Сагосен, Вејин, Бенфика смени цел тим...


Photo: SL Benfica 

Циљан Сагосен, помладиот брат на норвешката суперѕвезда Сандер Сагосен кариерата ќе ја продолжи во данскиот тим Бјерингбро Силкеборг откако беше постигнат договор за отштета со неговиот досегашен клуб Берген. Висината на отшетата се претпоставува дека е околу 90.000 евра.

Предраг Вејин, некогашниот ракометар на Металург и на ГРК Охрид го направи својот 13-ти трансфер во кариерата. Тој уште во ноември се раздели со екипата на ГРК Охрид, но поради повреда не потпиша веднаш за друг клуб. Неговиот тим за следната сезона е израелскиот Макаби Тел Авив.

Португалската екипа Бенфика, летово стана еден од клубовите што најмногу менуваше во играчкиот кадар. Неделава објави три трансфери. Нивни нови играчи станаа шведскиот голман Тобијас Тулин (foto) кој дојде од Пик Сегед, шведскиот бек Вилијам Богојевиќ и најдобриот француски дефанзивец во минатата сезона – Орелијан Падолис. Претходно за Бенфика потпишаa и Норвежанецот Синдре Хелдал и исландскиот играч Бреки Арнасон.

Бразилскиот пивот Гиљерме Борхес летово направи трансфер од екипата на Истр во Шарт, во рамките на француската лига. Не било пишано за заигра за Шарт. Овој француски клуб уште пред да го задолжи нивниот дрес се согласи да го испрати во Порто за сума од околу 60.000 евра отштета.


 

Поврзани вести