Ривалите на нашите кадети во одличен ритам

Photo: Rokometna zveza Slovenije

Македонските кадети во среда го почнуваат настапот на ЕП М18 во Белград, Србија. Македонските ракометни надежи се во тешка група на првенство што има голем влог. Противниците не само што не се наивни, туку се и во добар ритам. 

Кадетската репрезентација на Шведска, противник на Македонија на претстојното Европско првенство е организатор на подготвителен турнир „Скандиберико“, турнир на кој играат скандинавски и екипи од Ибериски полуостров, односно уште и репрезентациите на Норвешка, Шпанија и Португалија.
Швеѓаните покажаа сила на натпреварите со Португалија (36-32) и Шпанија (34-27) и најавија дека на ЕП ќе бидат многу опасен противник со највисоки амбиции. Денеска играат против Норвешка, но со оглед на тоа дека Норвежаните беа поразени од Португалија (26-38), Шведска практично го има победничкиот пехар во раце.
Македонија на ЕП е во група со Шведска, Франција и Словенија. Две екипи одат во Главната рунда, двете послаби ќе разигруваат за плсаман на ЕП од кое е квалификациско за СП У19, но има и испаѓање во понизок ранг (ЕХФ Шампионат).

Репрезентацијата на Словенија, пак, нашиот прв противник, одигра четири контролни натпревари и победи на сите. Младиот словенечки тим кој е предводен од познато име, Марко Шибила, играше на турнир во Унгарија и славеше победи над Унгарија (31-24) и Египет (31-26), а потоа одигра уште два меча на кои ги совлада Хрватска (31-29) и Кувајт (37-17).

Французите пак, во втората фаза од подготовките одиграа два меча со Романија и победија на двете средби 33-29 и 36-25. Во првата фаза (9-11 јули) двапати беа поразени од Шпанија (33-30 и 31-30).

Македонија против Шведска ќе игра во третото коло, на 1 август. Претходно на 29 јули ќе игра со Словенија, а на 30 јули со Франција.


 

Поврзани вести