ВЕСТИ: ЕХФ Шампионат во Скопје без Македонија, Мелсунген најави нов термин со Вардар...

Во понеделник во Скопје ќе почне ЕХФ Шампионат за ракометари до 18 години. Ова ќе биде уникатен турнир затоа што организаторот, Македонија, нема да учествува. Нашиот М18 тим истовремено ќе игра на ЕХФ Еуро што се одржува во Белград.
Во Скопје, пак, во салата „Расадник“, дневно ќе има по четири натпревари. Во групата „А“ се репрезентациите на Романија, Летонија, Украина и Литванија, а во групата „Б“ се екипите на Грција, Холандија, Луксембург и Естонија.
Трите најдбори екипи од овој ЕХФ Шампионат ќе се пласираат на М20 ЕХФ ЕУРО во 2028.

Германскиот тим Мелсунген ги предупреди своите фанови да не купуваат авио-билети и да прават хотелски резервации во Скопје за терминот 28 октомври за кога е закажан дуелот со Вардар 1961 во Лигата на шампионите.
ЕХФ го информирал клубот дека поради недоразбирање од страна на ЕХФ, овој термин можеби ќе биде променет и мечот ќе се игра друг ден.

Малерозно ја почна сезоната во новиот клуб српскиот репрезентативец Милош Кос. Новиот ракометар на Партизан заработи фрактура на метакарпална коска на шутерската рака и надвор од теренот ќе биде во следните два месеца.

Не се реализираше најавениот трансфер на српскиот ракометар Немања Обрадовиќ од Ц. Звезда во Хапоел Ашдод. Поранешниот играч на Металург и Е. Пелистер и следната сезона ќе ја почне во стариот клуб, Ц. Звезда.



 

Поврзани вести