Екс голман на Металург „доби“ стент и ја прекина кариерата

📷 Arhiva/ SEHA

Дарко Арсиќ, поранешниот голман на Металург, а сезонава капитен и чувар на мрежата на Металопластика, мора привремено да ја прекине кариерата.
Ракометниот клуб Металопластика информираше дека нивниот капитен мораше привремено да ја прекине кариерата откако му биле дијагностицирани срцеви проблеми.

Ситуацијата воопшто не била наивна, Арсиќ итно морал да биде опериран, по што му бил вграден стент. Зафатот минал успешно и тој е пуштен на домашно лекување.
За неговата иднина како ракометар, ќе се размислува откако ќе биде комплетно физички здрав.

Дарко Арсиќ има 37 години, а во Металург дојде пред 10 години од Металопластика. Остана во Скопје една сезона, потоа поради колапсот на клубот се врати назад во Шабац. Направи уште два трансфера. Прво замина во француски Трембле, потоа во Рамат Хашарон од Израел, пред да се врати во матичната Металопластика во 2021.

Поврзани вести