Фото: РК Еурофарм Пелистер
По комплетирањето на 12 коло во Лигата на шампионите и математички се комплетирани комбинациите околу пласманот во следната фаза на ЛШ, следствено се познати и екипите за кои ЛШ завршува по две кола.
Колстад и Динамо Букурешт од групата „1“, односно Еурофарм Пелистер и Загреб од групата „2“ се екипите што имаат само уште два меча од ЛШ сезонава.
Норвежаните имаат четири бода, Динамо освои само два и првиот следен, а тоа е Спортинг со 12 бода е недостижен за нив.
Е. Пелистер има освоено пет бода и во теорија шанса да се израмни со ГОГ кој има девет, но и во тој случај, ГОГ има подобар меѓусебен скор и ќе продолжи во следната рунда. Настрана тоа што на Е. Пелистер за таков епилог му требаат победи над ПСЖ дома и над Барса на гостински терен.
Познати се и екипите што ќе ја прескокнат првата нокаут фаза и директно се пласирани во 1/4 финалето. Тоа се екипите на Фуксе Берлин и Алборг од групата „1“, односно екипите на Магдебург и Барса од групата „2“.
Другите комбинации што ги опфаќаат екипите што завршија на позициите од трето до петто место ќе бидат дефинирани откако ќе се одиграат последните две кола.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ
Берлин, Магдебург, Алборг и Барса директно се пласираа во 1/4 финалето на ЛШ.
Е. Пелистер, Загреб, Колстад и Динамо Букурешт завршуваат со настапот во ЛШ со Главната рунда.