Мега бламажа на Загреб во Барселона

За помладите и поновите ракометни фанови, можеби неверојатно ќе звучи податокот дека на почетокот на деведесеттите двата најдоминантни клубови во Европа беа Барселона и Загреб. Три пати по ред во периодот од 1996 до 1999, Барселона и Загреб се среќаваа во финалето на Лигата на шампионите, кое во тоа време се играше дома-гости.
Оттогаш, Барса комплетираше 12 шампионски пехари, Загреб остана на двата пехари освоени во 1991 и 1992, но и натаму е единствениот машки клуб во Европа што ги освоил сите шампионски пехари во домашниот шампионат досега.

Вчера, во 12 коло од Лигата на шампионите, Загреб одново гостуваше во „Блауграна“. Но, ова не беше меч каков што паметат деведесеттите, иако и овој не е највисокиот пораз на Загреб во каталонската сала. Ова беше понижување на хрватскиот клуб какво што нема видено досега во Лигата на шампионите.

Барса и без Дика Мем и со Емил Нилсен на клупата, по десетина минути веќе водеше со 9-1. Не минаа ни 15 минути а веќе беше двоцифрено (13-3), потоа Барса водеше и со 14 гола разлика во првото полувреме (19-5).
Во вториот дел малку намалија со притисокот домашните ракометари, но сеедно не беа опуштени туку играа како да не гледаат во семафорот.
На крајот, дуелот на екипите што некогаш одлучуваа кој е најдобриот во Европа, заврши со победа на Барса од 20 гола разлика (46-26).

Поврзани вести