Фото: РФМ
Следните репрезентативни настани се поврзани со женските репрезентации кои ќе ги играат натпреварите од третото и четвртото коло од Квалификациите за ЕП 2026.
Македонија, по двата пораза од Германија и Словенија, ќе игра два меча со аутсајдерот во групата, репрезентацијата на Белгија. Првиот меч ќе се игра на гостински терен во Хаселт на 4 март, вториот во Куманово на седми март.
Клучно од овие два натпревари за Македонија е да има подобар скор од Белгија. Со оглед на квалитетот и традицијата, очекуваме да нема никакви проблеми и тоа да биде остварено со две победи. Подобриот скор од дуелите со Белгија би требало на Македонија да и го резервираат третото место во групата, од каде би можеле да се пласираме на ЕП како една од четирите најдобро третопласирани.
Клучно, пак, за пласманот на Македонија на ЕП ќе биде епилогот од следните два дуела, а тоа се натпреварите со Германија и со Словенија.
Од вкупно шест групи, четири третопласирани репрезентации ќе одат на ЕП. При рангирањето на третопласираните, во предид се земаат само резултатите од дуелите со првите две екипи по следниот критериум (1.бодови, 2. гол разлика 3. повеќе постигнати голови)
Резултатите од дуелите со Белгија нема да играат улога во таа пресметка. Тие се битни само за освојување на третото место.
Во моментов, освен Португалија која има два бода, другите пет третопласирани екипи се без бодови и веројатно така ќе остане и до крајот. Гол разликата им е слична во овој момент.
Гол разликата изгледа вака: -19 (Украина), -24 (Македонија) -25 (Финска), -25 (Израел) и -35 (Италија). Три од пет екипи ќе одат на ЕП, две испаѓаат.
Следниот чекор се двата дуела со Белгија за кои селекторот Кристијан Грчевски одбра 20 ракометарки.