Трансфери: Се активираа Краус и Акамбре, ќе се пензионира Бјорнсен...

📷 Wenflou/Wikimedia/ Creative Commons CC0 1.0 Universal Public Domain Dedication.

Десното крило на репрезентацијата на Норвешка, Кристијан Бјорнсен, објави дека ја игра последната сезона во кариерата.
Бјорнсен (37) од 2021 година е ракометар на Алборг за кого досега одигра 233 натпревари. Претходно играше за екипите на Вецлар, Кристијанштат и Берген. Беше дел од најдобрата норвешка репрезентација во последните години, заедно со Сандер Сагосен, Магнус Род, Кент Тонесен, Торборн Бергеруд итн.

Според официјално непотврдени информации на ракометни медиуми низ Европа, Роберто Парондо би можел да биде следниот тренер на францускиот Пари Сен Жермен. Овој француски клуб на почетокот на сезоната го смени Раул Гонзалез со данскиот тренер Штефан Мадсен, со кого исто како и со Раул, нема добри резултати во Лигата на шампионите. 

Некогашните големи ѕвезди на европскиот ракомет, Михаел Краус и Вилијам Акамбре се новите, засега последни на списокот што од Европа се селат во САД. Тие се новата аквизиција на екипата на Лос Анџелес Хендбал и ќе им се приклучат на Виран Морос, Домагој Сршен, Дру Данлин... Тренер на екипата е Франк Карстенс. 

Поранешното крило на репрезентацијата на Франција, од ерата на „експертите“, Гијом Жоли, ќе биде асистент на Талант Душебаев на клупата на репрезентацијата на Франција во следните две години. Во француската репрезентативна свита, како шеф на делегацијата е именуван познатитиот до лани активен голман Винсен Жерар. 

 

Поврзани вести