Проблем за Келце: Се повреди Алекс Душебаев

📷 International Handball Federation/IHF

Полскиот вицепрвак Келце запиша голема победа на гостински терен кај Фуксе Берлин, но сметката што ќе ја плати нема да биде мала, а првите рати ќе дојдат за наплата веќе следната недела.
Во 56 минута од натпреварот се повреди Алекс Душебаев, според реакцијата се работи за задниот бутен мускул. Алекс најверојатно ќе паузира шест-седум недели изјави Талант Душебаев по натпреварот во Берлин.

Тоа значи дека Келце нема да може да смета на него на дуелите со Висла во домашното првенство и на двата следни меча од групната фаза во Лигата на шампионите. Ако се оствари оваа прва неофицијална најава, прашање е дали ќе игра и во Плејоф од Лигата на шампионите, што може да биде кобно за Келце.
Нема официјална потврда за тежината на повредата и должината на неговото отсуство и тоа е најсмирувачката вест засега за Келце и неговите фанови.






 

Поврзани вести