Е. Пелистер убедливо стартуваше во Плејоф

Вечерва се одигра првиот натпревар од Плејоф разигрувањето во македонската Суперлига, а на премиерата што се одржа во Кавадарци се сретнаа екипите на ГРК Тиквеш и Еурофарм Пелистер. 
Гостите од Битола запишаа убедлива победа од 43-24 (21-14). 
Победникот беше решен по 20-тина минути игра кога Е. Пелистер прв пат се одлепи на пет гола разлика (14-9), а потоа таа дистанца само се зголемуваше. 
Најефикасен со шест постигнати гола беше Дејан Манасков, следен од  Павле и Петар Атанасијевиќ, Кузмановски и Хакбарт кои постигнаа по пет гола. 
Во домашниот состав, Мијушковиќ беше стрелец на шест гола. 

Поврзани вести