Фото: РК Алкалоид/Филип Вирановски
По вчерашниот премиерен меч меѓу екипите на ГРК Тиквеш и Е. Пелистер, денеска на ред се и другите два меча од Плејоф шампионатот на Македонија, како и два дуела од Плејаут првенството.
Во 17:00 часот во Скопје ќе се сретнат екипите на Бутел Скопје и Охрид, а ракометен настан на денот е дуелот меѓу Алкалоид и Вардар 1961 што ќе се одигра во Автокоманда со почеток од 18:30 часот.
Овие две екипи играа и минатата недела во Автокоманда, натпреварот беше решен во последната минута, па се очекува сличен развој да има и вечерашниот дуел.
Сите натпревари од Плејоф се битни, особено меѓусебните дуели меѓу четирите најдобри екипи. Распоредот е безмилосен за сите, Вардар по овој меч има дуели со Бенфика, Е. Пелистер и Охрид, а не е поштеден ниту Алкалоид кој во следното коло ќе гостува во Билјанини извори.
СУПЕРЛИГА
ПЛЕЈОФ
17:00 БУТЕЛ СКОПЈЕ – ГРК ОХРИД
18:30 АЛКАЛОИД – ВАРДАР 1961 (МТВ)
ПЛЕЈАУТ:
16:30 Е. ПЕЛИСТЕР 2 – Т. ПРОЛЕТ
18:30 РАДОВИШ - ПРИЛЕП