Металург Автокоманда е исклучен од Суперлигата

Photo: WHC Metalurg Avtokomanda/FB

Натпреварувачката комисија на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука за исклучување на екипата на РК Металург Автокоманда од понатамошното натпреварување во Суперлигата.

Металург Автокоманда не ги одигра натпреварите со екипите на ЖРК Чаир и на ЖРК Вардар, тие беа службено регистрирани со 10-0 и минус бод за тимот од Автокоманда, по што следуваше и комплетно исклучување на екипата од Суперлигата, а таа одлука се однесува и до младинските категории на клубот.
Одговорното лице, нема да има право во следните три години нема да има право да врши дејност во ракометот.

Поврзани вести