Замена за Воркапиќ, трансфери, Гумерзбах напиша историја

Фото: РК Војводина

Десното крило на Кикинда, Лука Лазиќ е замената за Вукашин Воркапиќ во тимот на Војводина. Новосадскиот тим го агнажираше и голманот Лука Арсениќ и ги засили шпекулациите за можно заминување на белорускиот голман Вјачеслав Салдаценка.

Екипата на ПИК Сегед го враќа во Унгарија плејмејкерот Петер Лукач една сезона пред да му истече договорот со норвешкиот тим Елверум. Тој потпиша договор со унгарскиот вицепрвак до 2028 година. Сѐ уште нема никаков абер од ПИК Сегед за најавениот трансфер на Димитро Хориха од екипата на Вардар 1961.

Словенечкиот клуб Слован наводно планира да се поднови со пикерот на Замалек од Египет, Бегад Марван Рагаб. Овој кружен напаѓач има 22 години.

Швајцарското крило Ноам Леополд најеројатно ќе замине од екипата на Нант на крајот на сезоната и ќе се пресели во Бундеслигата, во екипата на Рајн Некар Ловен.

Српскиот десен бек Јовица Николиќ ќе замине по само една сезона од екипата на Пик Сегед, но нема да се пресели во Словенија како што се шпекулираше, туку малку поблиску до дома. Николиќ според пишувањето на Балкан Хендбал следната сезона ќе игра за екипата на Загреб како замена за Лука Кларица кој оди во Келце.

Екипата на Татран Прешов е освојувач на Куп на Словачка. Во финалето на ова натпреварување, Татран Прешов ја совлада екипата на Повашка Бистрица со резултат 35-30.

По цели 20 години пауза, екипата на Гумерзбах на гостински терен го совлада тимот на Кил. Тимот на Гудјон Валур Сигурдсон тоа го направи со стил, победувајќи со 8 гола разлика (34-26)




 

Поврзани вести