Како минаа Томовски и Талески? Војводина изгуби уште еден пехар, трансфери...

Мартин Томовски имаше девет интервенции во победата на Битенхајм над екипата на Нордхорн од 32-26. Со оваа победа Битенхајм ја одржа разликата на првото место на табелата пред екипите на Балинген и Елбфлоренц.

Филип Талески беше стрелец на еден гол за својата Татабања во гостинскиот пораз од 32-41 од екипата на Пик Сегед. Со оваа победа Пик Сегед направи јаз од седум бода меѓу двете најдобри екипи (Веспрем и Сегед) и остатотокот од Лигата предводен од Татабања.
Сенка на победата фрли повредата на крилото Себастијан Фримел. Повредено е коленото, а денешните испитувања ќе дадат одговор на многу прашања околу неговата состојба.

Бундеслигашот Хановер-Бургдорф го активираше 43 годишниот грчки голман Николаос Кациганис откако нивниот прв голман, Жоел Бирлем се разболе и не можеше да настапи на натпреварот со Гепинген.

Исландското крило Сигвалди Гудјонсен е следниот ракометар што најави заминување од бродот што тоне, Колстад. Два клуба засега се споменуваат како негова можна следна дестинација: Хановер-Бургдорф и Гумерзбах.

Партизан ја совлада Војводина (28-27) во полуфиналето на Куп на Србија и за победничкиот пехар ќе игра против тимот на Динамо Панчево. Овој меч ќе се игра на крајот на месецот, на 28 март. Бранител на трофејот беше Војводина која е на добар пат сезонава да остане без ниту еден пехар.

Поврзани вести