Следните натпревари од домашната сцена во машкиот ракомет се 1/4 финалните турнири во Куп на Македонија по што ќе ги добиеме Ф4 учесниците што ќе се натпреваруваат на последниот турнир за престижниот пехар.
Рангирањето е на носителите беше направено според пласманите, па во оваа фаза четирите најдобри екипи, а тоа се екипите на Вардар, Алкалоид, Е. Пелистер и Охрид нема да играат меѓусебе. Изненадувањата во оваа фаза се во иста категорија со сензации. Ако сѐ мине според реалните очекувања, овие четири тима ќе ги видиме и на завршниот турнир.
Според календарот на РФМ, групната фаза на Куп на Македонија ќе се игра претстојниот викенд.
КУП НА МАКЕДОНИЈА 2025/26 - ГРУПНА ФАЗА
ГРУПА „1“
РК Бутел Скопје – РК Вардар 1961
РК Мулти Есенс – РК Е. Пелистер 2
ГРУПА „2“
РК Пролет 62 – РК Македонија Ѓ. П.
РК Радовиш – РК Алкалоид
ГРУПА „3“
ГРК Тиквеш – ГРК Охрид
МРК Куманово - РК Младост 1977
ГРУПА „4’
РК Струга – РК Е. Пелистер
РК Прилеп – РК Драчево Јуниор