ТВ ПРЕНОС: Вардар - Бенфика, Кристијанштат - Мелзунген

Двата натпревари од групата „3“ во ЕХФ Европската лига, денеска ќе бидат директно пренесувани на ТВ. Кристијанштат - Мелзунген и Вардар 1961 - Бенфика ќе бидат во фокусот. 
Ова коло, може да реши многу дилеми околу конечниот изглед на табелата во оваа група. Три екипи продолжуваат во Плејоф елиминациите. Победникот оди во 1/4 финале, но многу битно е кој ќе биде на второто, а кој на третото место за да се избегнат врвните бундеслигаши во елиминациите пред Ф4. Првите екипи со кои ќе се вкрстува во Плејоф се Фредериција и Кадетен. 

ЕХФ ЕВРОПСКА ЛИГА
18:45  Кристијанштат - Мелзунген (ТВ Арена Спорт 2 Премиум)
20:45  Вардар 1961 - Бенфика (МТВ, ТВ Арена Спорт 4)

Табела:
1. Мелзунген (6), 2. Вардар (4), 3. Бенфика (4), 4. Кристијанштат (2)

 

Поврзани вести