Екипата на Вардар 1961 вечерва во Европската лига ќе игра клучен натпревар со Бенфика во Скопје. Евентуална победа ќе значи сигурен пласман во Плејоф и можност да добра позиција во натамошното вкрстување.
Иван Чупиќ селектираше тим за денешниот натпревар, тој одбра екипа во која има 13 странски ракометари кои вечерва треба да го оправдаат својот статус и да му го донесат на Вардар посакуваниот резултат.
Важен натпревар ќе се игра и во Кристијанштат каде што гостува тимот на Мелзунген. Швеѓаните со пораз ќе се простат од натамошното натпреварување. Гарсија Парондо на овој меч за разлика од гостувањето во Скопје, на терен ќе ги има и Криштопанс, Арнарсон, Сипош, Баленсијага, Кастенинг, Кулеш, Паласиц и очекуваме да го верификува првото место и пласманот во 1/4 финалето на ЕЛ.