Падна Мелзунген, притисокот е врз Вардар

Екипата на Кристијанштат предводена од феноменалниот Аксел Мансон (20) го совлада тимот на Мелзунген и остана во игра за пласман во Плејоф до последното коло. 
Мелзунген вечерва играше со безмалку комплетен состав во Шведска, но не беше доволно за да се извлече од (веќе) серија на порази во која е влезен тимот. 
Мансон беше играч на натпреварот со постигнати 15 гола од 19 обиди. Конечниот резултат е 31-30 за шведскиот тим и тие сега имаат четири бода колку што имаат и Бенфика и Вардар, а во последното коло на гости кај Бенфика. 
Вардар вечерва мора да ја совлада Бенфика за да обезбеди пласман во Плејоф. Во спротивно, во последното коло, Кристијанштат би можел и со реми да му ја преземе третата позиција и да го исфрли од натпреварувањето. 

Поврзани вести