Полубрат на Елохим Пранди доаѓа во Вардар 1961?

Екипата на РК Вардар 1961 следната сезона би требало да биде посилна за уште еден француски ракометар. Матео Фадуил, ракометар од пошириокиот список на довчерашниот француски селектор Гијом Жил според информацијата што прв ја објави Гол.мк, треба да биде новиот адут на Иван Чупиќ.
Матео Фадуил е централен бек што игра и како лево крило и во моментов е дел од екипата на Тромбле, а претходно беше дел од Нант и Кретеј.
Французите го сметаат за еден од најперспективните нивни ракометари и доколку се реализира трансферот во Вардар 1961, во Скопје доаѓа ракометар со сериозен потенцијал и би требал да прави разлика на теренот.
Фадуил сезонава во Тромбел постигна 157 гола на 24 натпревари што е просек од 6.5 гола по натпревар и тоа се добри бројки.
Инаку, Матео Фадуил е син на Мизуела Сервие, поранешен капитен на женската репрезентација на Франција и полубрат на познатиот француски ракометар, Елохим Пранди.




 

Поврзани вести