Гарабаја стана селектор, ќе ја води Грузија

Поранешниот тренер на Еурофарм Пелистер, шпанскиот стратег Рубен Гарабаја е новиот селектор на машката репрезентација на Грузија.
Тој доаѓа на местото на поранешниот ракометар на Вардар, Тите Каландаѕе кој долго време беше на кормилото на грузискиот тим и имаше солидни резултати, но изненадија со убавата игра на последното ЕП 2026.
Но, потоа следеше првиот бараж за плсмасан на СП 2027 со Израел по кој Грузија беше елиминирана за еден гол и тоа беше крајот на мандатот на Каландаѕе.
Новиот селектор сосема солидно работеше во Е. Пелистер, но Битола е специфична ракометна средина и не секој може да остане долго на жешкото столче. Гарабаја е еден од тие што се обидоа, но не издржаа доволно долго за да ја спроведат својата ракометна филозофија.

Поврзани вести