Се разделија Талант и Келце!

Photo: Industria Kielce

Одамна се знаеше дека во славното трио, Талант-Алекс-Даниел на крајот на сезоната, секој ќе тргне по својот пат. Алекс и Даниел веќе најдоа клубови, но првиот што заминува од Келце, неочекувано, е Талант Душебаев. 

Емотивно видео постираше Келце во кое Талант се збогува со своите фанови во Полска. Тој од неодамна е селектор на машката репрезентација на Франција и прашање е само дали тоа ќе биде неговиот единствен агнажман во иднина. 
Талант и Келце решија да се разделат среде сезона, откако Келце беше елиминиран од ЛШ, а беше елиминиран и во 1/2 финалето на Куп на Полска. Неговото заминувањето е замислено да биде адреналинска инјекција за играчите во битката за шампионскиот пехар против Висла Плоцк. 

До крајот на сезоната, екипата на Келце ќе ја води прославениот поранешен полски репрезентативец Криптоф Лијевски. 

Поврзани вести