Женската репрезентација на Македонија го освои второто место на Светското првенство за ученици што се одржува во Скопје. Нашата училишна репрезентација која според возраста е кадетска, во финалето беше поразена од репрезентацијата на Хрватска (26-28).
Македонските ракометарки одлично го почнаа мечот, поведоа со 5-1, но потоа Хрватска се врати во игра. За кратко време успеаја да направат пресврт и потоа го контролираа резултатот.
Хрватска водеше со четири гола разлика во вториот дел, но Македонија во финишот на средбата намали на само еден гол негатива.
Сепак, во клучните моменти беа направени грешки и изостана пресврт. Конечниот резултат е 28-26 за новиот светски првак Хрватска, а Македонија мундијалот го заврши со сребрен медал.