Монпеље еднаш се изгоре: Кил ни е лекција за Вардар

Францускиот тим Монпеље, го искористи моментот на некомплетност на Вардар 1961 и во првиот натпревар во 1/4 финалето од ЕХФ Европската лига победи со 10 гола разлика што е најголемата разлика во 1/4 финалните дуели и воедно највисокиот пораз за Вардар 1961 сезонава. 

Следи реванш во Скопје во кој шансите на Вардар 1961 дури и со комплетен состав да ја надмине оваа разлика се во рамки на теорија.
Но, Французите најавија дека овој пат „Ќе дуваат во маќеницата“. 

Пред точно две години, во април 2024 година, во 1/4 финалето на Лигата на шампионите Монпеље играше двомеч со Кил. На првата средба во Франција, победија со неверојатни девет гола разлика (39-30). Изгледаше дека се на Фајналфор, но во реваншот, Кил ги победи со 10 гола разлика (31-21). 
Тој меч е нивното искуство и научена лекција. Барем така изјави за ЕХФ, единственот леворак бек во моментов во Монпеље, Валентан Порт.

Реванш натпреварот меѓу Вардар 1961 и Монпеље ќе се игра во Скопје, во салата „Јане Сандански“ на 5 мај со почеток од 20:45. 

Поврзани вести