Парондо трет пат со комбиниран тим на терен

Photo: Max Petershans/Wikimedia commons

Трет пат сезонава, Роберто Парондо на терен извади комбиниран тим затоа што на Мелзунген не му одговараше да победи.
По двата пораза од Вардар во групната фаза во Европската лига која во вкрстувањето место Монпеље му го донесе Порто, сега Парондо комбинираше и во Бундеслигата.
Мелзунген играше меч со Берлин и на тој меч не му одговараше да победи. На Мелзунген му одговараше Берлин да победи и да биде втор во Бундеслигата и на тој начин да обезбеди место во Лигата на шампионите. Ако на пример Мелзунген победеше, тогаш Флензбург имаше шанса да биде втор, а тоа за Мелзунген ќе значеше дека нема да игра во ЛШ.
Се сретнаа Берлин и комбинираниот тим на Мелзунген и победи Берлин со 39-28 и ќе го освои второто место во Бундеслигата. Така следната сезона од Германија во Лигата на шампионите ќе играат Магдебург, Берлин и Мелзунген.

Поврзани вести