ТОП ВЕСТИ: Нов дил за Алиловиќ, Норвешка постави селектор...

Хрватскиот голман Мирко Алиловиќ и Висла Плоцк се договорија за продолжување на соработката за уште една сезона, најмалку. Алиловиќ во Висла дојде во 2023 година откако претходно бранеше за Веспрем и Сегед.

Во екипата на Целје Пивоварна Лашко се враќа колумбискиот пивот Хесус Вергара. Тој потпиша нов договор со важност до 2029 година.

По неколку месеци бирање и преговарање, машката репрезентација на Норвешка доби нов селектор. На местото на Јонас Виле во иднина ќе седи шведскиот тренер Магнус Андерсон, тренерски најпознат по работата во екипата на Порто.

Хрватскиот голман Морено Цар ќе го комплетира тандемот голмани во швајцарската екипа Луцерн заедно со довчерашниот голман на ГРК Охрид, Кристијан Пилиповиќ.


 

Поврзани вести