Јуниорите со нов селектор на ЕП

Јуниорската репрезентација на Македонија или М20 тимот со нов селектор ќе патува на Европското М20 првенство што ќе се одржи летово во Романија.
Ракометната федерација на Македонија, денеска информираше за извршената промена на селекторската позиција

Ракометната федерација на Македонија ја известува јавноста дека, по поднесената оставка од селекторската функција на машката младинска репрезентација (М20) од страна на Наум Танески, за нов селектор на националниот тим е назначен Игор Илиевски.

Г-дин Илиевски ќе ја предводи машката младинска репрезентација на Македонија на претстојното Европско првенство за играчи до 20 години, кое ќе се одржи во Романија.

Ракометната федерација на Македонија му се заблагодарува на г-дин Наум Танески за неговиот ангажман и придонес во работата со младинската репрезентација, а на г-дин Илиевски му посакува успешна работа и многу успех на претстојното Европско првенство.

Поврзани вести