Благојче Трајкоски го засили Прилеп

Фото: РК Прилеп

Екипата на РК Прилеп доведе одлично засилување за следната сезона. Благојче Трајкоски, голман што има и репрезентативно педигре се враќа во својот роден град и ќе брани за тимот на Прилеп.
Благојче Трајкоски во ерата на Лино Червар доби место во репрезентацијата, а ја доби довербата и од Кирил Лазаров и беше дел од екипата на Алкалоид. Минатата сезона се пресели во Бутел Скопје, а сега преоѓа во тимот на Прилеп. 

Со особено задоволство го најавуваме враќањето на прилепчанецот Благојче Трајкоски во својот роден град и во дресот на РК Прилеп!
Зад себе има богата и успешна кариера, настапувајќи за екипите на Куманово, Радовиш, МАКС Струмица, Охрид, Еурофарм Пелистер, Алкалоид и Бутел Скопје. Трајкоски беше и дел од македонската репрезентација на Светското првенство во Франција во 2017 година.
Со своето огромно искуство, лидерски квалитети и безброј натпревари на домашната и меѓународната сцена, Благојче ќе претставува значајно засилување за нашиот тим во претстојната сезона.

Поврзани вести