Е. Пелистер донесе млад хрватски играч

Продолжува серијата на ракометари што доаѓаат во Еурофарм Пелистер кои не се звучни и познати играчи и чив квалитет допрва ќе го видиме, откако Лино Червар ќе ги земе под свое.
Најновото име е 18 годишниот хрватски играч Диего Басанесе.

К Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека нов член на нашиот клуб е младиот хрватски репрезентативец Диего Басанесе. Овој 18-годишен кадетски и младински репрезентативец на Хрватска игра на позицијата десен бек и доаѓа со одлични препораки од хрватската ракометна критика.
Пред да дојде во Битола, Басанесе со успех го носеше дресот на Умаг, а со кадетската репрезентација на Хрватска блесна и се врати со медал од Медитеранските игри. Басанесе потпиша четиригодишен договор со Еурофарм Пелистер.
Клубот ќе го претстави на почетокот на подготовките за сезоната 2026/27.

Поврзани вести