ТВ ПРЕНОС: Финале на Ф4 на ЛШ и меч за бронза

Денеска со почеток од 18:00 часот во Будимпешта, екипите на Ѓер и на Мец ќе играат за шампионскиот пехар во Лигата на шампионите во женска конкуренција.
Овој меч е прво финале за францускиот тим, додека Ѓер се бори за својата осма шампионска титула во своето 12 финале на Лигата на шампионите. Ако победат ќе се израмнат со Хипо по бројот на освоени шампионски пехари, но Австријките и натаму ќе имаат едно финале повеќе од нив.

Натпреварот меѓу Ѓер и Мец почува во 18:00 часот.

Претходно, со почеток од 15:00 часот, во меч за третото место на годинешниот Фајналфор ќе се сретнат екипите на Брест од Франција и ЧСМ Букурешт од Романија.

ТВ ПРЕНОС:
Меч за трето место:
15:00 БРЕСТ – ЧСМ БУКУРЕШТ – АРЕНА СПОРТ 1 ПРЕМИУМ
Финале на ЛШ:
18:00 МЕЦ – ЃЕР – АРЕНА СПОРТ 1 ПРЕМИУМ

Поврзани вести