Двоецот Андоновски продолжува со Младост

Фото: РК Младост 1977

Екипата на Младост 1977, нов суперлигаш за следната сезона, објави дека ги продолжила договорите со охридскиот двоец Андоновски.

Горан Андоновски е тренер на екипата и беше ангажиран со цел да ја врати назад во Суперлигата, во што успеа, а и следната сезона во неговиот тим ќе биде и неговиот син Даниел Андоновски кој беше еден од клучните ракометари на клубот од Богданци.

Вчера богданчани објавија и за ангажман на левиот бек Тодор Узунчев кој во Богданци доаѓа од екипата на Бутел Скопје.

Поврзани вести