Мартин Томовски е МВП во Втората Бундеслига

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски е прогласен за најкорисен играч во Втората Бундеслига според индексот на корисност и гласовите на публика и на тренери и капитени од екипите од Втората Бундеслига.
Мартин Томовски со екипата на Битенхајм први обезбедија пласман во повисок ранг сезонава, а потоа првенството го завршија на второто место и следната сезона ќе играат во најсилната лига на светот. Неговиот тренер, Икер Ромеро беше прогласен за најдобриот тренер во првенството.
Томовски имаше највисок индекс меѓу голманите (73) и тоа му донесе место во седморката од која во втората фаза од изборот, 50-50 гласаа фановите од една страна и тренерите и капитените на екипите од другата. Во овој избор Мартин Томовски беше официјално прогласен за најкорисен играч во првенството.
За најкорисен играч, пак, во елитната Бундеслига, втора сезона по ред и тоа со голема разлика пред второпласираниот беше погласен Матијас Гидсел од екипата на Фуксе Берлин.

Перформансот на Мартин Томовски:

HPI: 73
Натпревари: 31
Одбрани: 273
Процент на одбрани: 31.09%
Одбранети пенали: 21
Асистенции: 8
Голови: 4

Поврзани вести