РФМ ќе организира М18 ЕХФ Еуро во 2028

Последниот викенд во Келн, е резервиран и за состаноците на Извршната комсија на ЕХФ која носи и верификува одлуки што во текот на годината се познати, но им треба и финалната верификација.
Македонија доби организација на М18 ЕХФ Еуро што ќе се одржи во август 2028. Одлична работа заврши РФМ и меѓудругото им обезбеди на нашите кадети директно учество во најсилната конкуренција на својата возраст. Јуниорското М20, ќе се одржи во Словенија.

Сениорското женско ЕП 2030 ќе се одржи во две земји – Франција и Белгија. Нант, Данкерк и Париз се француските домаќини, а Антверпен е белгискиот домаќин. Можно е во понатмошната фаза, како кодомаќин да биде вметната и Швајцарија со еден град, а тоа е градот Цуг.


 

Поврзани вести