ЕХФ ги промени женската Лига на шампиони и ЕХФ Лига

Европската ракометна федерација реши да го промени гломазниот и неефикасен систем на натпреварување во женската Лига на шампиони.
Остануваат 16 екипи во елитата, но нема да играат во две групи од по осум тима, туку во систем сличен на тој што се игра на Светско првенство.
Екипите ќе бидат сместени во четири групи со по четири тима. По три екипи ќе продолжат во следната фаза во која ќе се формираат две групи со по шест екипи. Последната ќе продолжи во Европската лиха.

Најдобрите две тие групи ќе се пласираат на Фајналфор.

Во ЕХФ Европската лига ќе се натпреваруваат 24 екипи. Ќе бидат поделени во шест групи со по четири екипи. Најдобрите две од секоја група, плус четирите што ќе испаднат од Лигата на шампионите потоа ќе ќе играат елиминации.

Поврзани вести