Падна шампионот, Фуксе Берлин е во финале на ЛШ

Photo: IHF/International Handball Federation

ФУКСЕ БЕРЛИН – МАГДЕБУРГ 40-35 (19-17)
Гидсел 9, Фрајхофер 8, Андерсон 7 - Магнусон 9, Лагергрин 6, Гисли 5

Европа ќе добие нов ракометен шампион. Магдебург се симнува од тронот, а Берлин во утрешното финале ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Барса и Алборг.

Во денешното полуфинале, кое беше достојно за финале на ЛШ, Берлин го совлада Магдебург (40-35) и му се реваншираше за поразот во ланското финале на ЛШ.
Вонсериски меч се играше во Ланксес Арената пред повеќе од 20.000 гледачи. Берлин главно беше во водство, но тоа не беше изразено и не беше повеќе од гол-два разлика.
Магдебург успешно се носеше, во 48 минута дури и премина во водство, а потоа следеше клучниот момент.
Сѐ почна наивно, со лош обид на Тим Хорнке да изрежира цепелин кога имаше чиста ситуација за шут на голот на до тој момент лошиот Милосављев.
Таа акција некако го разбуди поранешниот голман на Вардар и српски репрезентативец. Потоа Милосављев го затвори голот. Следните четири напади на Магдебург завршија со негови одбрани, а Берлин стигна да води и со пет гола разлика (38-33).
Ласе Андерсон, Матијас Гидсел за цело време имаа солидна поддршка од крилата Фреихофер и Тајгум, односно леворакиот плејмејкер Лихтлејн. Во финишот си ја задржаа рутината и утре ќе ги гледаме во финалето на ЛШ. Второ за Берлин откако лани играше и беше поразен од Магдебург.

Поврзани вести