Ортега против судиите: Прв пат да победиме со нив

Како што го заврши ланскиот Фајналфор, така продолжува и во новиот Ф4. Шпанскиот тренер на Барса, Антонио Карлос Ортега по ланските коментари за лошо судење, сега ги искритикува судиите од БиХ, Амар и Дино Коњичанин. 

„Мислам дека судиите има влијание врз играта. Прв пат победуваме со овие судии. Н суделе пет-шест пати и сме загубиле три или четири и двапати сме одиграле нерешено. Не е моја работа да коментирам, но сега победивме и можам послободно да зборувам. Имаше чисти фаули што не ни беа досудени и критериумот за исклучувањата беше различен за двете екипи“, изјави Ортега за шпанските медиуми по натпреварот. 

Денеска во големото финале (18:00ч), натпреварот меѓу Барса и Берлин ќе го судат норвешките судии Ларс Јорум и Хавард Клевен. 

Поврзани вести