РФМ во Келн, Македoнија чека уште добри вести

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, г-дин Александар Стефанов, заедно со генералниот секретар на РФМ, г-дин Влатко Тасевски како и делегација на Ракометната федерација на Македонија, присуствуваат на завршниот турнир – Final4 од Лигата на шампионите, што се одржува во Келн, Германија.

Македонија вчера доби организација на М18 ЕХФ Еуро, а во многу скоро време очекуваме и потврда за добивање на вајлд карта за Вардар во Лигата на шампионите, евентуално и за ГРК Охрид во Европската лига.
Присуството на претставниците на РФМ на овој врвен ракометен настан претставува можност за размена на искуства, следење на најновите трендови во европскиот ракомет и зајакнување на меѓународната соработка со водечките ракометни организации и клубови.


 

Поврзани вести