Гидсел сруши уште еден рекорд во ЛШ

Photo: EHF/Kolektiff

Матијас Гидсел не успеа и во вториот обид да стигне до пехарот од Лигата на шампионите со Фуксе Берлин, откако во финалето на ЛШ беа поразени од екипата на Барса (37-34). Но, најдобриот светски играч не си замина дома со празни раце.
Сезонава тој постигна 161 гол во Лигата на шампионите од кои само еден од седмерец. Тоа е за 20 гола подобро остварување од рекордот на постигнати голови во една сезона во ЛШ што досега беше сопственост на неговиот сонародник Микел Хансен.
Матијас Гидсел „проклетството“ на ЛШ ќе се обиде да го скрши следната сезона. Шансите значително ќе се зголемуваат за Фуксе Берлин затоа што таму е најавено доаѓање на две суперѕвезди – Симон Питлик и Дика Мем.

Најкорисен играч на Фајнафор турнирот во Келн 2026 беше словенечкиот плејмејкер Домен Макуц кој ги одигра своите два последни натпревари за Барса. Доколку ЕХФ не покаже милост, Домен Макуц нема да го гледаме во Европа следната сезона, затоа што неговиот нов клуб, гигантот Кил по 33 години континуирано играње во Европските купови, годинава не обезбеди пласман.

Поврзани вести