Завршува ерата на Филип Јиха во Кил?

Photo: THW Kiel

Германски медиуми кои се повикуваат на свои добро информирани извори, велат дека ерата на Филип Јиха во Кил ќе заврши летово, две години пред истекот на неговиот договор. Кил ја одигра својата најлоша сезона во последните 23 години и прекина низа на континуирани настапи во Европа што траеше 33 години. Клубот веќе трета година оди во надолна линија кога се резултатите во прашање и иако немаат пракса на често менување на тренери, овој пат изгледа дека порано ќе заврши седумгодишната соработка со чешката ракометна легенда.
Текст со слична содржина веќе имаме најмалку двапати објавено, но Кил останал доследен на своите принципи и покажал доверба кон Филип Јиха. Дали и овој пат ќе биде така, ќе дознаеме наскоро.

Поврзани вести