© Max Petershans /
CC BY-SA 4.0 (via Wikimedia Commons)
Шпанскиот тренер Хозе Марија Родригез, познат како Чема Родригез веќе не е селектор на машката репрезентација на Унгарија.
Причините поради кои завршува неговиот седумгодишен ангажман се познати. Унгарија како репрезентација од првиот шешир не успеа да се пласира на следното Светско првенство откако беше елиминирана од Србија. Се надеваа на вајлд карта, но таа замина за Турција, па така Унгарија нема да учествува на СП, прв пат по 2015 година.
Чема Родригез на клупата на Унгарија беше од 2019 година. Првите три години беше асистент, а од 2022 самостојно го водеше првиот тим.