Атрактивна и добра ждрепка за Е. Пелистер во ЕЛ

Со денешната ждрепка за ЕХФ Европската лига се комплетирани сите парови за стартот на новата европска сезона. Македонија ќе ја претставуваат Вардар 1961 во ЛШ, Еурофарм Пелистер во Европската лига, а екипите на Алкалоид, Охрид, Бутел Скопје и Тиквеш ќе играат во ЕХФ Европскиот Куп.


Екипата на Еурофарм Пелистер ќе игра во група со екипите на Гумерзбах, Ла Риоха и Вибжеже Гдањск  во првата фаза од реорганизираната ЕХФ Европска лига.

Битолчани, според новиот начин на пресметување на позициите на единствената ранг листа, беа во првиот шешир на ЕЛ.
ЕХФ Европската лига ќе се игра по нов систем. Вкупно 32 екипи, без квалификации, по денешната ждрепка се сместени во осум групи со по четири тима. Двата најдобри тима од секоја група продолжуваат во Плејоф каде што ќе им се приклучат и екипи од ЛШ.
Победниците од Плејоф дуелите одат во следното коло на елиминации каде што ќе има нови екипи од ЛШ. Крајно, ќе се игра Фајналфор турнир во Хамбург.
Победникот на ЕЛ, следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. 

ЕВРОПСКА ЛИГА
ГРУПА „А“: Нексе, Елверум, Санкт Рафаел, Хамарби
ГРУПА „Б“: Бидасоа, Лимож, Хафнарфјордур, Мадеира
ГРУПА „Ц“: Извиѓач, Кадетен, Шамбери, ЧСМ Букурешт
ГРУПА „Д“: Севехоф, Татран Прешов, Сесвете, Бергишер
ГРУПА „Е“: Флензбург, Гранољерс, Бузау, Агуаш Санташ
ГРУПА „Ф“: Бенфика, Карвина, Торелавега, Холстебро
ГРУПА „Г“: Е. Пелистер, Гумерзбах, Ла Риоха, Гдањс
ГРУПА „Х“: Татабања, Валур, Слован, Морс Ту

Поврзани вести