Сегед го претстави Димитро Хориха

Photo: OTP Bank - Pick Szeged

Неколку месеци се чекаше ПИК Сегед да ја официјализира информацијата дека украинскиот бек кој има и македонски пасош, Димитро Хориха, следните две сезони ќе биде нивни ракометар.
Унгарскиот клуб сега го потврди доаѓањето на Димитро Хориха, во паралелно со информацијата дека клубот спогодбено го раскинал договорот со унгарскиот репрезентативец Рихард Бодо.

„Возбуден сум поради трансферот во ПИК Сегед и можноста да ја искусам посебната атмосфера што владее меѓу клубот и градот. Имам слушнато многу за овдешните фанови и не можам да дочекам да ја почувствувам нивната енергија и поддршка за време на натпреварите. Мојата цел е постојано да се подобрувам, да давам максимум и да му помогнам на клубот да ги оствари своите цели. Однапред им се заблагодарувам на фановите за нивната поддршка - Ќе направам с за да бидат горди на нас“, изјави Хориха за веб страната на унгарскиот клуб.

Димитро Хориха годинава доби македонски пасош и е потенцијален репрезентативец на Македонија. Дали или кога ќе добие зелено светло за да игра за нашиот тим зависи од одлука што треба да ја донесе ИХФ. 

Поврзани вести